Вонреден режим на сообраќај поради претседателскиот самиот

Со цел безбедно и непречено одвивање на планираните средби и програмските активности во рамки на Регионалната средба на претседателите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово што денеска и утре се одржува во Охрид, Секторот за внатрешни работи – Охрид презеде серија оперативно-тактички мерки.

 |   | 

policijaСо цел безбедно и непречено одвивање на планираните средби и програмските активности во рамки на Регионалната средба на претседателите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово што денеска и утре се одржува во Охрид, Секторот за внатрешни работи – Охрид презеде серија оперативно-тактички мерки.

Мерките на охридската полиција првенствено се однесуваат на физичко обезбедување на објектите и просторот за време на посетата на претседателите и нивните делегаци, но и привремено ограничување на движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на сообраќајот, заради безбедно движење на делегациите и возилата под придружба.

Поради самитот полицијата ќе ги отстранува сите паркирани возила долж булеварот „Туристичка“, но и во Стариот дел од градот, каде претседателите и членовите на делегациите ќе посетат дел од културно-историските знаменитости на Охрид.

Од полицијата се апелира до граѓаните да се воздржат од користење на своите моторни возила, односно истите да ги употребуваат само за случаи на исклучителна нужност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top