„Волкот и седумте јариња“, детски балет за предпразнично расположение

Центарот за култура „Григор Прличев“ во предновогодишниот период им се посветува на најмалите.

 |  Мишел Наумоски  | 
balet deca
балет деца

Празничниот период Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се посвети на најмалите. Започнуваат со детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“ во изведба на балетското студио „Визави“ под кореографската палка на Јулија Милевски. Претставата е работена според истоимената бајка за деца и секако наменета токму за најмладата публика.

novogodishen koncert„Ќе трае неполн час, значи самиот термин, 12 часот во недела, токму со тоа сакаме да ги привлечиме помладите, да дојдат, да поминат убаво време со балетската претстава „Волкот и седумте јариња“ како што кажав, наменета токму на нив, на најмладите и ќе можат да уживаат во музиката, во играта. Се работи за комплетна балетска претстава која иако е изработена од млади и од деца, сепак е многу професионално со многу труд и ентузијазам пристапено кон неа и се надевам дека ќе бидат дечињата кои ќе дојдат задоволни, кои ќе ја погледнат. Исто така подготвуваме за публиката, бидејќи се приближува Новата година, за секое детенце по едно мало изненадување, подарок од Центарот за култура „Григор Прличев“-вели директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“.

И преостанатиот период до Новата година, Центарот за култура го посветува на празниците. На програмата покрај оваа балетска претстава исто така ќе ја има и детската претстава „Децата на Дедо Мраз“, потоа филмот „Божиќна ѕвезда“-филм синхронизиран на македонски јазик кој ќе се прикажува во четврток, петок и сабота, како и концертите во организација на музичкото училиште и охридската гимназија кои ќе придонесат за новогодишното расположение.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top