Жителите на село Оровник повеќе нема да имаат проблем со водоснабдувањето.
Градежни зафати во село Оровник, преку кои ќе се реши проблемот со водоснабдувањето посебно за жителите во горниот дел на селото. Жителите крајно задоволни што конечно ќе се реши нивниот проблем. Тие откриваат со кави проблеми се соочувале изминатиов период.
„Кога го колев прасето вода немав да се измијам. На пазар еден понеделник отидов неизмиен. Големи што се прави треба да имаме доволно вода, а како ќе биде ќе видиме“, вели Бранко Мојсоски, жител на с. Оровник.
Проектот чини 180 000 денари, а средствата ги обезбеди локалната самоуправа заедно со комуналното претпријатие. Финансисрањето ќе оди преку програмата за инвестиции на локаланата самоуправа од страна на комуналното претпријатие каде се предвидени средства за вакви зафати.
„Во моментов се поставува цевковод во должина од 150 метри со кој ќе го решиме проблемот за недостаток на вода во летниот период за жителите на село Оровник и во иднина нема да имаме проблеми, а тоа значи дека она што го ветивме пред изборите и дека во денешно време е греота некој да трпи за вода. Секој жител на општина Дебарца во иднина ќе има чиста вода за пиење“, вели градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајковски.
Со овој зафат комплетно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето во селото категоричен е и директорот на ЈКомунално претпријатие.
„Во ова село е направен нов водовод пред неколку години, добро функционира, но во летниот период бидејќи имаме недостаток на вода од Св. Еразмо се појавува во одредени периоди да немаат вода горните домаќинства во ова село. Затоа се надевеме дека со овој зафат трајно ќе го решиме овој проблем, бидејќи ќе биде само за овие домаќинства околу 20 и секогаш ќе имаат вода чиста и здрава за пиење“, вели директор на ЈП Комунално – Дебарца, Стојмир Велјаноски.
Градоначалникот откри дека во селото има два водоводи и тоа едниот од пумпната станица во Св. Еразмо, а другиот сопствен, но и покрај овие два водоводи сепак одреден број домаќинства преку лето немаа вода. Трајкоски додаде дека согласно програмата на локалната самоуправа, предвидена е реконструкција на повеќе мрежи за водоснабдување во населени места. Тој додаде дека прво треба да се изготви проектна документацијам за потоа да можат да аплицираат во некој од проектите од Светска банка или Европската бакна за инвестиции. „Сега сме во фаза за изработка на тие проекти, а од наредната година ќе започнеме со реализиација и на останатиот дел од програмата“, вели Трајкоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град