Некои наводнуваат, други вода немаат ни за пиење

Додека едни ги наводнуваат градините  со земјоделски култури, други немаат вода ни за пиење.

 |  Маленкова Татјана  | 
vidobista_voda_sahta
водобишта_вода_шахта

На + 40 степени десеттина семејства од Видобишта немаат вода ни за пиење. Тие велат дека неколку години имаат проблем со водоснабдувањето, но дека последниве години состојбата е катастрофална. Во име на засегнатите жители од Прва мекедонска удара бригада јавно за својот проблем пред камерата на ТвМ проговори Стојче Ставрески. Тој вели дека нивната мака се интензивирала од кога се доселил нивниот нов комшија и одкако на улицата била направена шахтата и поставен шибер.   

„Со тој шибер делумно водата ја ограничуваат. Што значи кракот на оваа страна и оваа куќа овде се vidobista_voda_sahtaсоочуваме со голем проблем со немање на вода. Ние мораме да ги искористиме нашите хигински потреби по други куќи. Одиме кај роднини кај пријатели. Внук ми од сестра ми има бебе од осум месеци го носи кај мајка му за да може да го избања. Во овие случаи детето и беше една недела во болница“, вели жител на Видобишта Стојче Ставрески.

Ставрески признава дека во текот на денот водата линее во славините, но дека најголемиот проблем настанува после 18.00 часот. Се жали дека овој проблем им создал друг, поточно дека им се расипале бољерите и машините за перење. Ставрески е категоричен дека нема да запрат додека не најдат решение за проблемот.  Тој признава дека дел од жителите  должат кон ЈП, но додава дека тоа е резултат и на револтот кој се јавува затоа што иако немаат вода им стигнуваат сметки со износ и над 500 денари. „Доколку во најкраток рок водата не ја пуштат ние правата ќе си ги бараме по судки пат. Веќе изработивме групна тужба“, вели Ставрески.

„Вода понекогаш се случува да има како што течи казан со ракија, а некогаш воопшто ја нема. Посебно после шест воопшто нема вода. Имам барање кое го напишав и го поднесов на 17.07 2012 кај директорот, а пред да го поднесам на некплку наврати се обратив кај директорот Златко старкоски и ми се правдаа дека нема доволно капацитет на вода“, вели Ставрески.

Со цел да им помогнеме на жителите од овој дел на Охрид се обративме во МЈП Проаква. Директорот direktor MJP Proakva Zlatko Starkoskiпризна дека е запознаен со проблемот и веднаш прифати за излезе на терен, со тим од ЈП со цел веднаш да се изнајде решение за проблемот. Вода има, вели директорот Златко Старкоски, штом градините се вадат, почвата е сеуште водена, а културите се свежи.

 Се чешлаше секоја педа од теренот, се проверуваа сите водомери и чешми, се влезе на сите имоти и се констатира она што го очекуваа –  неконтролирано користење на вода од неколку лица и тоа на диво.

„Ги превзедовме сите мерки со исклучување, со расправии со газди. Ни остана последната мерка која веќе ја искористивме и против сите е покрената кривична пријава за недозволено користење на вода и настанување на штата. Според законот за води казната е од 1000 до 3000 евра. Па нека се замислат луѓето сега. Веќе се евиднетирани и не чакавме мерки имаме превземено и сега ќе одиме со комплетни исклучувања“, вели директор на МЈП Проаква, Златко Старкоски.

Тимот на Проаква на терен затекна имоти каде имаше по два водомери од кои оној од кој се користела vidobista_voda_sahtaводата за наводнување, врзан на диво. „Овие семејства под итно ќе бидат исклучени.  Ви гарантирам дека не само на овој потег туку за брзо ќе го решиме ваквите проблеми и во населбите Рача, Чекоштина, Лескоец, Велгошти“. Точно знаеме каде ни се губи водата, категоричен е директорот Старкоски.
 
Директорот потсети дека уште со стартот на туристичката сезона во МЈП се направиле сите активности за да нема проблем со водоснабувањето. „Се исчистија резервоарите, се проверија и поправија сите поголеми вентили и сезоната ја дочекавме спремни.  Во моментов се испорачува 500 литри во секунда вода. Нашата статиските јасно покажува дека  800 илјади метри кубни вода испорачуваме месечно и дека 5 метри кубни вода е доволно за едно лице. Сето ова повеќе од јасно покажува дека  Вода има дека ние обезбедуваме вода за 160 000 луѓе, а тоа е повеќе од доволно, не само за охрид, туку и за туристите“, категоричен е директорот на МЈП Проаква Златко Старкоски.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top