Охриѓани пијат квалитетна вода

Охриѓани пијат квалитетна вода, велат од Центарот за јавно здравје. Од таму апелираат да се подобри квалитетот на водата од селските водоводи. И езерската вода е со добар квалитет освен местата каде се влеваат реките Велгошка, Коселска, Сатеска и Черава.

 |  Јаковлева Лионела  | 
вода
voda

Водата од градскиот водовод е со добар квалитет, велат од Центарот за јавно здравје. Екипите постојано земаат мостри и вршат нивно испитување се со цел граѓаните навремено да се заштитат доколку има некои отстапување во квалитетот на течноста без која не може да се живее. Бромологот Сашо Точко вели дека сеуште проблем преставува водата од селските водоводи бидејќи испитувањата покажуваат постојано отстапување во нејзиниот квалитет. вода

Состојбата е таква кај 90% од мострите земени од селските средини во Охрид, Струга и Дебар. Под итно мора да се започне со употреба на  дезинфекционо средство, вели бромологот Сашо Точков.

Тој вели дека и водата од јавните чешми во градов е со добар квалитет па жедните минувачи слободно можат да ја користат. Тој апелира до граѓаните да внимаваат каква вода конзумираат бидејќи неисправната вода може да предизвика голем број цревни заболувања.

Најдобро е да се пие вода од градскиот водовод и тоа прво да се истече триесетина секунди па потоа да се пие , вели Точков. Водата од Билјанините извори е со променлив квалитет па граѓаните нека внимаваат при нејзиното користење, додава тој.

Во текот на оваа година дури 24 пати е оспитувана водата од Билјанините озвори. Во шест примероци се пронајдени одредени несакани бактерии.

Инаку Центарот за јавно здравје редовно го контролира квалитетот и на површинските води. Во последниве два месеци земени се преку 60 примероци на вода од различни места на охридското езеро. Резултатите покажуваат дека таа е со солиден квалитет освен местото кај Грашница каде се влева реката Велгошка чија вода е од трета класа. Од трета и четврта класа е и водата на реките Коселска, Сатеска и Черава. Точко апелира што побрзо да се реши состојбата со овие реки бидејќо тие години наназад се главните загадувачи на езерото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top