Изминатиов викенд, охриѓани беа зачудени од белината на водата за пиење од градската водоводна мрежа.
Изминатиов викенд, охриѓани беа зачудени од белината на водата за пиење од градската водоводна мрежа.
Граѓаните беа во недоумица дали водата е исправна за пиење и дали станува збор за присутност на голема количина на хлор. Директорот на МЈП Проаква, Бранко Трпчески смирува дека водата е исправна за пиење и дека не станува збор за прехлорираност. Белината на водата се должи на зголемениот проток на воздух што е резултат на надојдените извори со вода по обилните дождови и снегот кој се топи појаснува Трпчески.
Одговор за квалитот на водата побаравме и од подрачната единица на Заводот за здравствена заштита, задолжени да ја следат исправноста на водата.
Д-р Лидија Симоноска од ЗЗЗ -Охрид категорично потврди дека водата од градската мрежа е исправна за пиење. Во подрачната единица на Завод за Здравствена Заштита, 2 пати во текот на неделата се земаат примероци од водата и се вршат испитувања. По потреба водата се испитува и 4 пати неделно вели д-р Симоноска. Водата за пиење според законските нормативи се испитува и во лабараторијата на МЈП Проаква.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град