Од ЗЗЗ велат дека овој проблем кој се провлекува години наназад не може да се реши се додека не се преземат мерки за отстранување на септичките јами кои ги користат дел од жителите на населбата Рача.
Од ЗЗЗ велат дека овој проблем кој се провлекува години наназад не може да се реши се додека не се преземат мерки за отстранување на септичките јами кои ги користат дел од жителите на населбата Рача.
Директорот на ЗЗЗ, Атанаско Михаилов кажува дека анализите на водата од Билјанини извори кои се направени во месец септември покажале присуство на бактерии од фекално потекло. Во месец октомври во примерокот кој е земен од водата на Билјанини извори нема појава на бактерии, а за месец ноември испитувања ќе се прават во наредниве денови.
И од Проаква признаваат дека причина за појава на некои бактерии во водата од Билјанини извори може да биде и понирањето на фекалните води од септичките јами од населбата Рача и Велестово.
Од Локалната велат дека се прават напори за решавање на овој проблем.Од ЗЗЗ потенцираат дека до тогаш најбезбедно е да се пие вода која е од водовод и е хлорирана.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град