Во вторник започнува исплатата на пензиите

Исплатата на пензиите ќе започне во вторник, 26-ти јануари, одлучи Владата на 4-тата седница. Исплатата вообичаено ќе се врши во четири групи според висината на пензијата.

 |   | 
minimalna_plata

Исплатата на пензиите ќе започне во вторник, 26-ти јануари, одлучи Владата на 4-тата седница. Исплатата вообичаено ќе се врши во четири групи според висината на пензијата.

Владата на 4-тата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.01.2022 година.

Деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2022 година, а готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според висината на пензијата.

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.01.2022 година (среда);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.01.2022 година (четврток);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.01.2022 година (петок); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.01.2022 година

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top