Ова е очекувањето на Градоначалникот Јанкоски од проектот Вевчани без кал со кој жителите добиваат модерна урбана населба. Проектот кој трае три години локалната го реализира со средства обезбедени преку изготвување планска документација и аплицирање кон домашни и странски фондови.
Со проектот “Вевчани без кал” се асфалтираат и рехабилитираат улици кои не виделе санација и по 50 години со што Вевчани го добива ликот на модерна урбана населба. Со скромниот општински буџет во кој во програмата за улици и патишта се издвојуваат околу 20 000 евра годишно спроведување на еден ваков проект, кој трае веќе три години, е невозможно, вели градоначалникот Сашо Јанкоски.
„Стратегијата ни беше напротив поинаква. Макотрпно изготвувавме планска документација и аплициравме кон домашни и странски фондови. Доста сме успешни во тој дел. Изградивме доста улици и објекти кои сами само со сопствениот буџет не би можеле ниту да ги сонуваме. Целта ни е да нема ниту една улица во Вевчани со кал. Остануваат уште неколку кратки улици кои се надевам дека до крајот на мојот мандат ќе бидат асфалтирани и поплочени. “ – вели Сашо Јанковски.
Се гради со средства добиени преку Биро за рамномерен регионален развој како и преку Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој а има доста средства кои ги добиваме од европските фондови, преку УНДП или Светска банка. Имаме проектна документација проценета на 1,5 мил евра, вели Јанкоски. Со аплицирање на првиот повик од владиниот петгодишен проект „Македонија без кал“ кој стартуваше годинава во јули општина Вевчани доби средствата во износ од 542 000 ЕВРА, обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој.
„Планска документација имаме буквално за целата мрежа и за неизградените и за реконструкција на постојните односно имаме улици асфалтирани пред 40 години кои се доста оштетени. Со средствата кои што ги добивме 542 000 евра за локални патишта мислам дека сите улици во Вевчани ќе бидат реконструираи со нов асфалт.“ – вели Јанкоски.
Во моментов се работи и на кракот на регионалниот пат, кој е познат како обиколница Вевчани – Југ кој е значаен не само за жителите на општина Вевчани туку и за околните населби. Со изградбата на овој пат се очекува да се растерети сообраќајот низ општина Вевчани и да се овозможи побрз пристап до услугите на здравствениот дом Д-р Светозар Чочороски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град