Пуштен во употреба новиот информативен центар на НП Галичица

200 000 илјади евра е донацијата на италијанската амбасада за овој проект кој се спроведе преку невладината италијанска организација Крик и НП Галичица.

 |  Билјана Николоска  | 

Драгоцен камен на НП Глаичица. Вака, претставниците на италијанската амбасада го нарекоа новиот информативнен центар, кој денеска и официјално беше пуштен во употреба на Националниот парк. Центарот се градеше некаде околу 7 месеци, со средства во износ од околу 200 000 евра донација од италијанската амбасада. Според изјавите на првиот човек на паркот Зоран Ангелоски во иднина, тука предвидено е да бидат сместени канцалариите на НП Галичица, и уреден дел за посетители. Но новина е, што на ова место, предвиден е ресторан со македонски специјалитети и ботаничка градина додава Ангелоски

Првиот секретар на италијанска амбасада Роберто Рици потенцитраше дека во овој проект италијанската амбасада имала две улоги во првата се јавува донатор а во втората како координатор околу целата работа со информативниот центар.
Преостануваат уште неколку зафати кои се неопходни да се направат за целосно да функционира овој центар. Градоначалникот Петрески во знак на поддршка, центарот го ослободил од комуналии во вредност од 40 000 евра. На свечениот чин присуствуваа повеќе јавни личности од Охрид, како и гости од другите градови од државава. На претставниците од Италија во знак на внимание им беа врачени и скромни подароци од Ангелоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top