Во Струга мирно

Во Струга не се протестираше.

 |  Маленкова Татјана  | 
opstina Struga
општина Струга

Протести во Струга немаше. Овој град не е меѓу неколкуте во кои денеска се протестираше, поради како што велат демонстрантите „навредите што ги упати Владата на Македонија кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед“. Стружани едногласни дека причини за протести нема, но ретко кој тоа сакаше јавно да го каже. Постар жител од муслиманска вероисповед, собра сила и јавно кажа дека Македонија е на сите без разлика на вера и националност.

Во Струга денес беше очигледно зголеменото полициско обезбедување иако до очекувниот протест недојде. kombe policija Посебно вниманието на новинарите го привлече тоа што јарболите пред општина Струга беа празни. Ниту државното знаме, ниту останатите одбележја не се вееја пред општинската зграда. Евроамбасадорот во Република Македонија Аиво Орав денеска во Охрид го повтори ставот на Брисел и америкснската амбасада во Скопје,во однос  најавените протести, притоа нагласувајќи ја одговорноста на поединците кои стојат како нивни организатори.

„Право на секој граѓанин е да протестира, но имајќи ја предвид сложената ситуација се разбира дека организирањето вакви протести носи и огромни одговорности. Уверен сум дека сите институции во државата полицијата, обвинителството успешно ја вршат работата. Мошне важно е и самите граѓани да веруваат дека институциите работат за доброто на сите, односно во интерес на правдата, а криминалците ќе ја добијат заслужената казна, рече Евроамбасадорот во Република Македонија Аиво Орав.

По најавите на социјалната мрежа Facebook за организирање на протести, денеска се огласи и Дирекцијата за заштита на личните податоци. Од таму  ја повикуваат јавноста, социјалните мрежи да не се користат како алатка за организирање на протести кои повикуваат на насилство и нарушување на државниот ред, верска и национална омраза.

Дирекцијата за заштита на личните податоци, како што соопштува, презема дејствија и активности за отстранување на профилите и групите кои се лажно креирани, откривање на адресите, откривањето на другите податоци поврзани со сопствениците или креаторите на таквите профили или мрежи. Од таму уште најавуваат дека креаторите на ваквите профили ќе бидат санкционирани, поточно против овие лица ќе бидат поднесени кривични и прекршочни пријави, бидејќи со ваквите дела се нарушува приватноста и се
злоупотребуваат личните податоци на субјектите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top