Во среда показна вежба за заштита од елементарни непогоди во ОУ „Христо Узунов“

Завршна симулациска показна вежба за заштита и спасување од елементарни непогоди во среда ќе се реализира во Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид.

 |   | 

Во Основното училиште „Христо Узунов” во Охрид на 15 декември во среда со почеток во 10:45 часот ќе се реализира завршната симулациска показна вежба за заштита и спасување од елементарни непогоди.

Вежбата, што е во организација на СВР Охрид-отсек за превенција, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, претходно се спроведе во сите образовните институции во Охрид, а целта е подигнување на степенот на безбедносните мерки и подготвеноста кај учениците и наставниците, за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди.

Вежбата значи и подобрување на готовноста на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, Здравствен дом Охрид, Црвен Крст Охрид, ЦУК, ДЗС и другите служби, за унапредување на координацијата и меѓусебната соработка  за поефикасносно  делување при елементарни непогоди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top