Во Репродуктивниот центар за Европски елен во НП Галичица се родија првите еленчиња

Во Репродуктивниот центар за Европски елен во НП Галичица се родија првите еленчиња. Во периодот кој следи од паркот очекуваат на свет да дојдат уште нови младенчиња.

 |   | 

Во Репродуктивниот центар за Европски елен во НП Галичица се родија првите еленчиња. Во периодот кој следи од паркот очекуваат на свет да дојдат уште нови младенчиња.

Репродуктивен центар е распространет на стотина хектари, во кој се донесени 24 женки и шест мажјаци, од овие елени и е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници, а елените ќе се користат исклучиво за активно управување и одржување на уникатните екосистеми на Галичица, а не како ловиште.

„Главната цел на овој проект е да се подобри управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на уникатната биолошката разновидност и спроведување на мониторинг“, велат од Одделението за заштита на природата од паркот.

Активностите кои Националниот парк и Друштвото за проучување и заштита на биодиверзитетот и одржлив развој на природните екосистеми од Скопје ги спроведуваат се во рамки проектот „Подобрување на заштитата, конзервацијата и управувањето со заштитеното подрачје Национален парк Галичица“, вреден 340.000,00 евра. Проектот е дел од поголема Програма за подобрување со управувањето на заштитените подрачја, во износ од 4,3 милиони евра, финансирана од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top