Во понеделник, педесет и прва седница на Советот на Општина Охрид

Во понеделник со почеток во 10,30 часот, закажана е педесета и првата седница на Советот на општина Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
sovetnici

Во понеделник со почеток во 10,30 часот, закажана е педесета и првата седница на Советот на општина Охрид.

На ова издание на седницата на советот, охридските советници ќе расправаат за повеќе Предлог Одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти.

Исто така на дневен ред ќе се најдат  и Предлог Одлуката за усвојување на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2016 година. Потоа, Предлог Одлуката за усвојување на измените и дополнувањата на развојната Програма за уредување на градежно земјиште за 2016 – 2018 година.

sednicaПредлог Одлуката за усвојување на Програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2016 година.

Предлог Одлуката за утврдување локации за поставување подземни контејнери на подрачјето на општина Охрид.

Предлог Одлуката за давање согласност на Правилникот за давање дополнителни услуги од страна на територијалната противпожарна единица при општина Охрид.

Предлог Одлуката за усвојување на измените и дополнувањата на годишната Програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2016 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top