ВО ПЕТОК ДВЕ СЕДНИЦИ НА ГРАДСКИОТ СОВЕТ, ЕДНАТА, СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА

За овој петок педесет и четвртата седница и педесет и петтата седница на Советот на општина Охрид со почеток во 10:00 часот.

 |   | 

За овој петок педесет и четвртата седница и педесет и петтата седница на Советот на општина Охрид со почеток во 10:00 часот.

Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникацијa. На дневниот ред на педесет и четвртото издание на седницата ќе се најдат Предлог – програмите во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година.

Потоа Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година и Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.

Во ова издание на седницата на совет ќе се дискутира и за Предлог – одлуките за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година и за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид, а градските советници ќе се произнесат и за Предлог – одлука за давање согласност на планот за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021 година.

Педесет и петтото издание е посветено на советнички прашања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top