Во Пештани се отвори нова градинка

Отпочна со работа новата градника во Пештани во  рамки на ОУ „Св Наум Охридски“. После Лескоец, Велгошти и Радојца Новичиќ ова е четврт објект за само две години, нагласи министерот Диме Спасов, кој денес беше во работна посета на Охрид и ја пофали работата на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и неговото залагање за зголемување на капацитетите за згрижување на деца.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Пештани доби нова градинка. Таа работи во склоп на ОУ „Св Наум Охридски“. Во овој објект ќе бидат згрижени 25 пештанчиња. Првиот човек на градот Никола Бакрачески, истакна дека продолжува нивната стратегија за доближување на условите за згрижување на деца во населените места и руралните средини, со што негата и одгледувањето на децата стана достапно за мештаните кои живеат надвор од централното градско подрачје.

Фитбекот од родителите кој што го имавме во изминатите две години покажа дека ова стратегија за отварање градинки во посебни просторни услови е ефикасна и корисна со тоа што од една страна им обезбедуваме на децата адекватни услови за раст развој и воспитување “ –вели Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески изминатиов период од 2 години, посвети големо внимание на зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст, изјави министерот Диме Спасов

„Потреба постои уште и понатаму заедно во соработка со општините продолжуваме со реализација на конкретни активности, конкретен акциски план и после изборите со цел  и понатаму да продолжиме да ги унапредуваме условите за згрижување на деца од предучилишна возраст и да ги надградуваме истите, да создаваме објекти во кои ќе се сместуваат дечињата и во руралните и градските средини а со тоа да им помагаме на родителите да ги извршуваат своите работни обврски во текот на работната недела“ – изјави Спасов.

На отворањето на градинката во Пештани присуствуваше почесниот конзул на Бугарија во Р Македонија, Теодор Русинов. Тој истакна дека со отварањето на ваквите објекти каде свои удел има и конзулатот се допринесува за јакнење на меѓусоседските односи помеѓу Македонија и Бугарија, кои и онака се на високо ниво..

„Финансирањето се извршува по програмата помош за развој. Станува збор за финансиска програма која фактички се спонзорира од буџетот на Бугарија, станува збор за објекти во соседни на нас пријателски држави во случајов Македонија е вклучена и фигурира во таа програма на ред се уште 4-5 држави“ – нагласи Русинов.

Со овој проект овозможуваме уште едно пријатно катче за дечињата од овој регион, односно во Пештани и околните населени места, истакна директорката на охридската градинка Розе Костеска.

„Можност дечињата да бидат присутни во просториите на Јавната Установа да се дружат со нас да влезат во нашето семејство и да научат многу за нивниот живот“ .

Костеска информираше дека за отварањето на новата градинка во Пештани огромна помош добиле од Локалната самоуправа од ресорното министерство како и финансиска помош околу градежните работи од Бугарскиот конзулат. Изминатите неколку години на ниво на земјава вкупно се отворени 44 детски градинки. А дечињата од Јасна Ристеска како и секогаш со игра и песна ги дочекаа гостите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top