Во ОУ „Христо Узунов“ го опремуваме кабинетот за дефектологот во кој ќе учат децата кои имаат пречки во својот развој. Ова е една голема придобивка и за децата и за училиштето, вели директорот Тони Симоноски. Покрај новиот кабинет, во училиштето се направени поголем број зафати со кои се подобрија условите за учење и престој на учениците.
Децата кои имаат пречки во својот развој и на кои им е неопходна помош од стручно лице, дефектолог, а кои учат во ОУ „Христо Узунов“ од новата учебна година ќе имаат кабинетска настава. Ова е една голема придобивка и за децата и за училиштето, вели директорот Тони Симоноски.
Го опремуваме кабинетот за дефектологот кој беше вработен минатата година, а кој и тоа како беше потребен во нашето училиште. Правиме една сосема нова просторија во која дефектологот ќе има посебна настава со дечињата на кои им е потребно тоа, вели Симоновски.
Летниот одмор во ОУ „Христо Узунов“ го искористија за преземање зафати за реновирање на училиштето бидејќи зградата е стара четириесеттина години, па потребни се разни поправки. Променети се подовите во неколку училници, а во некои ќе се менува деновиве, плочките во училиштето кои беа дотраени се заменети со нови, од страна на Жито леб се уредува и трпезарискиот простор каде има дотраени плочки. Целосно се менува и подот на една од училниците заедно со фондацијата Елена Лука која ќе го превземе тој проект. Со средства од Локланата ќе се варосува зградата, ќе се менуваат дотраените столчиња, сменети се и неколку искршени стакла, ќе се врши дератизација и дезинсекција на училиштето. Сето тоа се прави со цел учениците да добијат поубаво и поудобно катче за учење, а првачињата да го започнат своето школување во еден убав амбиент, вели директорот.
Имаме пет паралелки со првачиња. Во секоја паралелка ќе бидат застапени некаде околу 26 ученици значи го исполнуваме тој минимум за формирање на паралелка. Се надевам дека во наредниот период ќе се запише уште некое дете бидејќи имаме најава за запишување на дечиња кои се доселиле во Охрид или се вратиле од странство. Затоа бројката не е конечна но имаме доволен број деца во нашето училиште, вели Симоноски.
Инаку денес се одржа и екстерното тестирање за сите оние кои во првиот термин во јуни не можеа да се тестираат. Седум деца во ова училиште денес полагаа екстерно и се протече во најдобар ред.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град