Симулациска вежба за евакуација, според соодветно сценарио, денес, се реализира во основното училиште „Христо Узунов“. Показни вежби и симулации на евакуација во случај на природна непогода претходно се спроведоа во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца. На завршната вежба присуствуваше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Предвидено е по завршувањето да се изработи извештај со заклучоци од сите претходно реализирани симулации кој ќе биде доставен до Локалната Самоуправа. Симулациските вежби беа во организација на отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со ТППЕ Охрид и Планинарско–Спасителска Единица при Црвен Крст Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град