Во охридските бензиски пумпи засега има гориво .
Дел од бензинските пумпи во Охрид ги точат последните резерви на горива. На двата патни правци кон Охрид од Кичево и Битола има забрана за движење на тешки моторни возила и цистерни со што се доведува во прашање редовното снабдување на охридските бензиски пумпи со гориво.
Од Лукоил информираат дека засега точењето на гориво се одвива нормално, но се трошат последните резерви. Три дена нивна цистерна чека во Битола да се укине забраната за да донесат гориво. Од компанијата велат дека ја следат ситуацијата и во првиот момент ќе интервенираат со вклучување на помали цистерни со кои ќе го транспортираат горивото.
Од „Окта Мобипетрол“ Охрид исто така информираат дека засега има гориво на нивните пумпи. Очекуваат резервите да им потраат до крајот на неделава. Од компанијата нагласуваат дека и тие превозот на гориво го обезбедуваат со помали цистерни со капацитет од 12.000 литри.
Од дирекцијата на Макпетрол во Скопје не дадоа конкретни информации и не упатија на деловниот центар во Охрид каде пак не одговараа на повиците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град