Повторно актуелизирано името на првиот Министер за внатрешни работи Јордан Мијалков. Се бара улица во Охрид да го носи неговото име. Дали пред охридските советници ќе се најде оваа предлог иницијатива на советничката група на ВМРО-НП, зависи од градоначалникот Петрески.
ВМРО-НП од Охрид после 18 години не потсетува на екс Министерот за внатрешни работи Јордан Мијалков. Една заобиколница во Охрид, најверојатно ќе го носи неговото име. Според програмските цели на општинскиот комитет на ВМРО-НП од Охрид, се најавени низа активности кои во најскоро време треба да ги реализират од економски, социјален, историски и друг аспект од општественото живеење на граѓаните на општина Охрид. Приоритет се дава на именување на улицата кај локалитетот „Бејбунар“ вели претседателот на партијата Ванчо Костоски.
Координаторот на ВМРО-НП Јоне Станкоски, рече дека оваа иницијатива уште в понеделник ќе биде доставена до градоначалникот на Охрид и советниците. Тој очекува поддршка на наредната седница.
Да потсетиме дека првиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков пред осумнаесет години загина на пат за Белград, во време кога се очекуваше негова интерпелација поради несогласувањата со тогашната СКМ-ПДП. Во тој преоден период на Македонија и претстоеше отцепување од Југославија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град