„Во Охрид се вратив поради лични причини“, вели Дејан Паноски

„Промената од функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање е направена по мое барање“. Ова денес ексклузивно за ТВМ го изјави Дејан Паноски.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Dejan Panoski
Dejan Panoski

„Промената од функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање е направена по мое барање“. Ова денес ексклузивно за ТВМ го изјави Дејан Паноски

Дејан Паноски денес ексклузивно за ТВМ прв пат проговори за причините поради кои од пред една недела повеќе не ја извршува функцијата Државен секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање. Паноски вели дека непотребно се крана голема прашина околу неговото доаѓање во Охрид.

Dejan Panoski„Се вратив поради лични причини и на мое барање, објаснува тој. Не претендирам на никакви фотељи и функции. Охриѓани попусто се загрижија“, додава Паноски.

Веќе работи канцеларијата во која Паноски ќе ја извршува функцијата на Државен советник за води. Новото работно место, објаснува тој ќе му помогне да ги реализира сите оние проекти на кои години наназад работел со неговиот тим. Не го крие задоволството што повторно е во Охрид.

Тој моментално работи на Законот за води, а го изготвува и Нацрт планот за заштита на природното и културното наследство на охридскиот регион. Со нивното донесување, потенцира  Паноски во голема мера ќе се решат проблемите со кои Министерството за животна средина се среќава години наназад.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top