Во согласност со препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција од Корона вирусот COVID-19, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започна активноста за дезинфекција на јавните површини во градот.

Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, Градскиот кеј и чаршијата.
Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период. Исто така донесена е и одлука за зголемување на подготвеноста на капацитети на здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“, доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град