Денеска во Охрид се одржува регионална фолклорна смотра за Западна Македонија на која учество зедоа 13 културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Тетово, Битола, Ресен, Вевчани, Струга, Демир Хисар, Новаци, Охрид.
Денеска во Охрид се одржува регионална фолклорна смотра за Западна Македонија на која учество зедоа 13 културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Тетово, Битола, Ресен, Вевчани, Струга, Демир Хисар, Новаци, Охрид.
Како претседателка на СОФАМ чувствувам особено задоволство што Културно уметничките друштва и ансамбли од Западниот Регион, многу посветено работеа во изминатиов период, а еден од резултатите на нивната работа е и оваа фолклорна смотра кој е еден од поважните проекти во нашата организација. Многу ми е мило што смотрата се одржува во Охрид на значаен датум за градот домаќин каде со песната и орото ќе допринесеме да ги збогатиме овие празнични денови. Станува збор за учество на вкупно 13 ансамбли или над 300 уметници кои ентузијастички пристапија кон овој проект, подготвија сериозна програма, а во соработка и со други чинители и помагатели длабоко сум убедена дека успешно ќе се реализира. Исклучителниот ентузијазам што го чувствуваат сите учесници, го пренесуваат и на мене како претседател на оваа асоцијација, а јас верувајќи во нивната долгогодишна работа целосно стојам зад сите нивни идеи и проекти со цел сите заедно да допринесеме за развој на фолклорната традиција во нашата земја, како и подигнување на квалитетот во фолклорот како наше значајно духовно културно наследство – изјави Проф. Д-р. Мирјана Мирчевска, редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија во Скопје и претседател на СОФАМ.
Смотрата е во организација на Сојузот на Фолклорни ансамбли на Македонија кој на државно ниво организира три вакви големи настани: во Западниот регион, во Источниот и во Скопскиот регион.
Организаторите изразуваат искрена Благодарност до помагателите на овој настан: Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, НУ Охридско Лето, Дом на култура – Охрид и Лабино Саунд – Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град