Во Охрид расте побарувачката за станови, скокаат и цените

Цените на становите пораснале и до 30 % во изминатиов период. Порастот на цените се должи на повеќе фактори меѓу кои се зголемените цени на градежните материјали и на економската состојба во земјава.

 |   | 

Во моментов на пазарот на недвижности во Охрид има зголемена побарувачка на станови по многу повисоки цени. Становите се продаваат за 20 до 30 % повисока цена споредено со минатите години. Во периферните делови на Охрид становите достигнуваат цена од 850 – 900 евра по квадратен метар, во централното подрачје од 1300 -1500 евра по квадрат, а во атрактивните крајбрежни делови цената достигнува вредност и до 2000 евра за метар квадратен. Никола Иванчиќ, од Агенцијата за недвижности „Наш -ваш дом“ појаснува кои се фактори придонесле за скок на цените на недвижности во Охрид. 

Најверојатно не се должи само на поскапување на градежните материјали колку што се должи на побарувачката и на немање на детален урбанистички план за градба. Веројатно влијание на цената има и економската состојба во државата со ваква каматни стапки и инфлација, луѓето гледаат да ги извлечат парите и да ги вложат во недвижности – вели Иванчиќ.

Купувачите покажуваат огромен интерес за купување станови отколку за куќи или плацеви. Од продадените станови дури 95 проценти биле домашни купувачи. Само 5 проценти се странци кои купуваат недвижнини на охридското крајбрежје.

Пазарот покажува дека во Охрид има огромен интерес за станови од помала површина од 35 до 50 метри квадратни, тоа се викенд станови. Колкав е тој допринос од тие станови и побарувачката и продажбата, за да почуствуваме, колкав е одразот и придобивките на граѓаните од општина во последно време гледаме што е се изградено во градот. Има работи од кои се чувствува голем недосток  од инфраструктура и 50 години ветувана катна гаража – додава тој.

На пазарот за недвижнини многу мал е интересот за купување на куќи. Тоа се должи на слабата економска куповна моќ на граѓаните, потребата од реновирање на објектите и скапото инвестирање во одржување на куќите. Има интерес за купување плацеви за изградба на станбени комплекси, но градот нема Детален урбанистички план.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top