Првата книга на македонски јазик „Говор на телото“ од проф Зендел Абедин – Шехи, денес беше промовирана во Охрид. Ова дело претставува мал навигатор кон себе си кој ќе ни помогне како подобро да ги разбериме луѓето, како да ги добиеме оние кои можеби вчера сме ги изгубиле со нашиот однос и како да бидеме скромни, вели авторот на ова дело.
Говорот на телото, претставува една наука која ги открива намерите на телото на луѓето. Дел од тие тајни свое место најдоа на страниците на првата книга на македонски јазик „Говор на телото“ од проф. Зендел Абедин – Шехи. Абедин инспириран од препознавањето на намерите на луѓето, воедно и пренесувајќи ги искуствата исцрпени од патувањата во повеќе земји, одлучил во неговата книга да ги сподели добрите работи од карактерот на секој човек, односно како што и самиот кажува, секој од нас треба да го препознае добрите намери во другите, а лошите да ги игнорира.
„Во нашата скромна книга се потрудивме со нашето скромно знаење како еден навигатор во секојдневието каде ги среќаваме нашите блиски луѓе, како подобро да ги разбереме….често знаете во нашето секојдневие го туркаме кон подоброто и материјалното, ги губиме чуствата да ги разбереме луѓето околу нас кога се тажни, несреќни или некако несвесно ги игнорираме несакајќи, меѓутоа несакајќи ги повредуваме“.
Во делот на книгата авторот пишува како да бидеме подобри татковци, мајки или пријатели. Перцепцијата на Абедин е оти во нашата држава недостасува вистинска комуникација со луѓето.
„Не селективен разговор каде што дел од нивните зборови ги слушаме, а многу од нивните зборови кажани ги игнорираме, мислејќи дека нам не ни е потребно, но ние не ги слушаме и на тој начин ги губиме луѓето и тие не казнуваат со нивната ароганција и игнорирање, односно ние ги казнуваме со нашата ароганција и игнорирање, дали е тоа во светот на политиката, во новинарството секојдневието или во приватниот живот каде што излегуваме. Книгата ни помага да разбереме што е егоизмот кој во секојдневието ни помага да бидеме сами никогаш не можиме да го добиеме луѓето околу нас“
Денес во охридската библиотека беше промовирана првата книга на македонски јазик „Говор на телото“ на еден современ и малку поразличен начин од вообичаените промоции, со краток видео запис за постигнувањата на авторот во досегашната негова кариера. На промоцијата беа доделени благодарници за соработката, помеѓу авторот и охридската библиотека како и за поддршката со општина Охрид. Библиотеката доби и бесплатен примерок на ова дело за нејзините читатели. Додека пак останатите ова дело со посвета од авторот можеа да го купат за 500 ден.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град