На овој плоштад заеднички ќе го прославиме приемот на нашата земја во ЕУ, истакна Живка Ангелоска, претседателот на Советот на општина Охрид на денешното одбележување на 9 ти мај, Денот на Европа.
Охрид е еден од градовите во земјава каде се прославува Денот на Европа 9 ти мај. Одбележувањето започна со интонирање на македонскта и европската химна. Најмладите во боите на Европа, денес на градскиот плоштад играа, пееа, се дружеа, а беа поставени и штандови на кои беа презентирани европските членки преку бројни ликовни творби а исто така и нивните знамиња. Децата очигледно добро се потрудиле да научат што значи денешниот ден, а посебно открија детали за земјата која ја претставуваат.
„Денес се одбележува денот на ЕУ. Денот на ЕУ се прославува затоа што на тој ден сите земји членки се ослободиле од фашистичката империја“ .
„Тука сме за да го одбележиме денот на Европа јас и моето одделение ја претставуваме Португалија како земја од ЕУ, ја научивме химната на ЕУ имаме најразлични проекти за земјата која ја претставуваме 00:30+00:39 Нејзиното име значи убаво пристаниште и таа е позната по убавите глетки“.
„Ние ја претставуваме Португалија, нашето школо ….и денес е ден на Европа“ .
Во името на општина Охрид, честитајќи го Денот на Европа се обрати претседателката на Советот Живка Ангелоска. Таа истакна дека нашиот град со сите природни културни и историски знаменитости е посебен предизвик за побрз влез во големото европско семејство, притоа потенцирајќи дека нашата земја ги спроведува и сите потребни реформи во таа насока.
„Со истрајна работа и спроведување на реформите и со брз пристап во преговорите наскоро на овој плоштад заеднички ќе го прогласиме приемот на Р. Македонија во ЕУ. Македонија и древниот Охрид се вистинско место каде што можеме уште еднаш да упатиме порака за чување на цивилизациските вредности како темел за брзите современи демократски процеси“.
Најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, ученици од ОУ „Григор Прличев“, децата од фестивалот „Распеано рибарче“ и Младинскиот културно образовен центар „Соната“ се претставија со своја културно уметничка програма. Инаку, Денот на Европа, кој секоја година се одржува на 9-ти мај, го слави мирот и единството во Европа. На оваа дата се одбележува годишнината од историската Декларација на Шуман. Во говорот одржан во Париз во 1950 год, Роберт Шуман, тогашен француски министер за надворешни работи, ја претставил идејата за нова форма на политичка соработка во Европа, со која војните помеѓу народите во Европа ќе станат незамисливи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град