Во Општина Охрид бројката на заболени од сезонски грип не е загрижувачка. Само кај мал број граѓани било дијагностицирано ова заразно заболување. Состојбата е под контрола и во Струга и Дебар. Ова меѓу другото се должи на големиот број пациенти кои минатиот и овој месец се вакцинаираа против грип.
Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип. Засега се пријавени само 15 и тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. И во Струга и Дебар многу е мала бројката на заболени од грип. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека навремено се превземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од ова заболување. Годинава охридскиот Центар за јавно здравје набави 3000 вакцини против сезонски грип. Од оваа количина 1680 биле наменти за охриѓани, 720 за Струга и 600 за Дебар. Вакцините веќе се потрошени и нема да се набавуваат нови.
Ова е голема бројка на вакцинирани од грип. За разлика од претходните години оваа година и помладата популација се вакцинираше. Се вакцинираа во октомври и на почетокот на ноември така што веќе се поминати две недели кои се потребни за стекнување имунитет против ова заболување. Тоа е една од причините што во нашиот регион мала е бројката на заболени од грип. За тоа придонесува и тоа што во Охрид нема аерозагадување како што е случај во други градови на Македонија како што се Скопје, Битола, Тетово и др., вели Д-р Коровешоска.
Таа додава дека доколку граѓаните забележат некаков симптом кој наведува дека се работи за грип веднаш да се јават на лекар и да им се препише соодветна терапија. Да не се плашат да примат Тамифлу бидејќи тој лек нема некои докажани контраиндикации, а многу помага при ова заболување. Се препорачува почесто проветрување на просториите, избегнување на групно собирање, земање витамини, често миење раце.
Очекуваме зголемен број на заболени од сезонски грип после новогодишните празници кога ќе започне второто полугодие од учебната година. Некаде средината на јануари бројот расте, а пикот е најчесто во месец февруари, вели Коровешоска.
Според податоците на Институтот за јавно здравје вакцини има уште во Битола и во Скопје па оние граѓани кои сега сакаат да се вакцинираат против сезонски грип треба да одат таму.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град