Во Охрид нема регистрирани лица заразени од жолтица

Во Охрид нема регистрирани лица заразени од жолтица.Но, откако во Скопје во изминативе три месеци речиси секојдневно има по некое ново лице заразено од ова заболување,  вработените од охридскиот Центарот за јавно здравје ги зголемија мерките на претпазливост. Апелираат да се зголеми хигиената во сите училишта и предучилишни установи. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во Охрид нема регистрирани лица заразени од жолтица. Веќе 15 год. наназад ова заразно заболуцвање не е појавено во општинава. Но, откако во Скопје во изминативе три месеци од жолтица се заразило шеесет и едно лице, вработените од охридскиот Центарот за јавно здравје ги зголемија мерките на претпазливост. Од таму велат дека жолтицата не е високозаразна болест но мора редовно да се применуваат правилата за лична хигиена бидејќи таа е наречена уште и болест на нечисти раце. Посебно внимание треба да се одбрне во одржувањето на хигиената во градинките и училиштата бидејќи во Скопје меѓу заразените има ученици од пет основни и четири средни училишта во градот.

Често пати при тие санитарно-хигиенски прегледи што ги правиме забележуваме дека учениците често пати и од дома си носат тоалетна хартија, но сапун редовно има во училиштата бидејќи речиси во сите училишта има лавабо во самата училнива, вели Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска епидемиолог.
Од Центарот за јавно здравје препорачуваат противепидемиски мерки за превенција од ширење на болеста во училиштата кои вклучуваат: детално континуирано механичко чистење на објектот, зајакната дезинфекција посебно на санитарните јазли од страна на училиштето, како и вонредна дезинфекција од Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од Центарот за јавно здравје, обезбедување течен сапун за раце, течен дезинфициен за раце во санитарните јазли, честа едукација на учениците за одржување на личната хигиена, правилно користење на бришачите за подовите од страна на хигиеничарките и посебни бришачи за санитарните јазли.
Да се засили хигиената во сите училишта. Добро е што набрзо завршува првото полугодие па децата ќе се на распуст со што се намалува можноста за појава на заразата бидејќи оваа болест се јавува во колективни средини, вели Д-р Коровешоска.
Хепатитот А е заразно заболување кое има симптоми како што се омалаксаност, болки под десен ребрен лак, гадење, повраќање, светла столица, темна мокрача, а најевидентен симптом е пожолтувањето на белката во очите. Болеста трае околу три недели и со соодветно лекување пациентот целосно оздравува, но ако навремено не се открие и не се третира во болнички услови може да предизвика компликации кои можат да бидат и живото загрозувачки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top