За организација на големи конгреси, на Охрид потребен му е претставителен Конгресен Центар. Градоначалникот Бакрачески најави изградба на еден таков објект веќе наредната година, на атрактивна локација во Даљан. Со тоа ќе се допринесе за развој на конгресниот туризам, кој и тоа како му е потребен на градов.
Туристичкиот бисер Охрид, ќе добие Конгресен центар. Нашиот град има потенцијал да го развива конгресниот туризам, а тоа може да се постигне со изградба на еден претставителен Конгресен центар, какви што постојат во речиси сите европски држави. Како што обелодена градоначалникот Никола Бакрачески изградбата треба да започне идната година во населбата Даљан на атрактивна локација покрај брегот на Охридското езеро. Бакрачески нагласи дека обврската за изградба на Конгресниот центар вклучувајќи и прибавување на потребна планска документација е на државното претпријатие „ЕЛЕМ“. Исто така нивна обврска било да изработат идеен и основен проект.
„Она што ние го баравме како општина Охрид заедно со Владата на РМ е да тој конгресен центар ги задоволува плановите на Охрид да во иднина градот прерасне во еден центар кој ќе овозможи развој на конгресниот туризам. Знаете дека Охрид е познат по организација на конгреси, но се работи за конгреси семинари или маниферстации од помал обем колку што имаат капацитет постоечките охридски хотели, односно хотелските сали кои што егзистираат во градов, но за сериозни организирања на големи конгреси ни треба Конгресен центар“.
Градоначалникот Бакрачески наброи и дел од нивните побарувања во врска со ентериерното уредување на еден ваков објект, кој ќе биде од исклучителна важност за градот.
„Секако дека тој Конгресен центар треба да има една голема сала или главна арена во која што би се одвивале големите конгресни активности со капацитет од 1500 до 2000 седишта за кои што ние инсистиравме дека не треба да биде под тој минимум.се разбира 4-6 помали сали со капацитет до 200 гледачи кој што на некој начин би ги опфатиле потребите на градот за развгој на конгресен туризам“
Организацијата на конгресите подразбира и други сателитески активности или организација на сателитески симпозиуми кои што можат да се организираат во охридските локални хотели. Тоа подразбира дека главните конгресни активниости може да се одвиваат во еден конгресен центар додека сатлитските симпозиуми во постоечките хотели во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град