Во Охрид има хиперпродукција на неквалитетни туристички водичи

Во Охрид има околу 170 туристички водичи. Експертите по туризам сметаат дека имаме хиперпродукција на неквалитетни кадри и под итно треба да се промени начинот на полагањето на стручниот испит, но и да дојде до промена на Законот за туристичка дејност, со што би се регрулирал статусот на странските водичи кои се претставуваат како тур лидери и локални водичи.

 |  Николоска Биљана  | 

Да се промени начинот на полагање на стручниот испит, бараат од здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“. Како што нагласи Климент Наумов, од ова здружени, бројката на водичи на ниво на Македонија е близу 700 и не може да се каже дека има диви водичи. Тој нагласи дека биле направени низа разговори со инспекциските служби при општина Охрид како и со УЈП кои треба да ги контролираат плаќањата во туристичките текови односно работењето на туристичките водичи. Наумов кажа дека според неговите сознанија инспекциските служби направиле неколку контроли при што биле санкционирани повеќе водичи поради нерегуларности во обавување на нивната дејност.

„Во тек е една прогрма која што треба да биде прифатена од Министерството за образование и наука и Министерството за економија. Таа се изготви пред година и половина и поради некои причини заглавена беше процедурата и сега заедно со една невладина агенција Свис контакт која што е присутна во последните 6 месеци, се обидуваме да ја наметниме програмата да биде прифатена и да се пристапи кон подобрување на програмата за туристички водичи“ – вели Наумов.

Забележани биле многу странски водичи кои ги водат своите туристи како тур лидери и како локални водичи, вели Наумов. Од веќе обавените разговори со инспекциските служби установивиле  дека под итно треба да се промени Законот за туристичка дејност, додава тој.

„Сега е моментото да се пристапи кон создавање на некое ново тело т.н туристичка инспекција или туристичка полиција која ќе ги контролира таквите нерегуларности. Останува во Р. Македонија да се подобри квалитетот и да немаме хиперпродукција на неквалитетни кадри  во моментов можам да кажам дека околу 15% од туристичките водичи доследно би можеле да ги извршат своите задачи“.

Наумов истакнува дека кога би се направила компарација помеѓу Црна Гора и Македонија, до пред извесно време во Црна Гора важел истиот систем, односно начинот за полагање на стручниот испит за туристички водичи  бил сличен на нашиот сега, но тие завршиле со тоа и ги подобриле условите. Наумов категоричен дека останува да очекуваме  и кај нас да се подобрат условите во оваа дејност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top