Во Охрид е најнизок процентот во цела држава на вакцинирани девојчиња од ХПВ вирусот

Родителите сеуште се скептични за нејзините позитивни дејства. Потребна е поголема информираност, едукација, но и поддршка од здравствените работници.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Во Охрид е најнизок процентот во цела држава на вакцинирани девојчиња од ХПВ вирусот. Иако вакцината е четириваленттна и заштитува од четири типови на карцином на грлото на матката , сепак родителите сеуште се скептични за нејзините позитивни дејства. Потребна е поголема информираност, едукација, но и поддршка од здравствените работници.
           
„Многу од родителите одбиваат нивните деца да ја примат вакцината и тоа за жал по препорака на здравствените работници кои се против вакцинирањето на децата на 12годишна возраст.“ вели д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

Најдобро е децата да се вакцинираат на возраст од 12 до 14 год. Кога се претпоставува дека не се сексуално активни. Доколку родителите добијат покана тоа е опомена дека треба да го донесат своето дете на вакцинација. Во спротивно казната изнесува 500 евра.

„Редовно се праќаат списоци на родители кои одбиле да ги донесат своите деца на вакцинација и против нив се поднесува пријава за прекршочна пријава до Основниот суд Охрид.“ вели Коровешоска.

Д-р Коровешоска кажува дека не е мал бројот на оние кои од странство доаѓаат тука и се вакцинираат бидејќи вакцината таму е многу поскапа, се плаќа приватно бидејќи не е задолжителна. Таа додава дека покрај женските би требало да се вакцинираат и машките деца бидејќи всушност тие се најчести преносители на ХПВ вирусот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top