Во Македонија загрижувачка е состојбата со отпадот

„Нула отпад во општините во Македонија“. Долг и трнлив е патот кој треба да се изоди за да се постигне концептот „нула отпад“. На ова се нафатија ентузијастите од Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, кои велат дека имаат експертиза, знаење и енергија како да се подигне свеста за рециклирањето на отпадот кој наместо да завршува на депониите би се применил како ресурс и како материјал би се вратил во системот за негова реупотреба од страна на човекот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Загрижувачкиае реалната сосотојба во Македонија со отпадот. Само 1% од целокупниот отпад се селектира и рециклира, додека пак 99% од истиот завршува на депонија, односно неселектиран. Овие податоци ги изнесе Ива Апостолска од Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“. Апостолоска истакна дека во подготовка е концептот на одржливост на циркуларна економија кој се нарекува „нула отпад“, а кој веќе го практикуват 308 општини од неколку европски држави кои се во мрежата „Нула отпад Европа“

„Тој концепт се стреми општините или заедницата дури градови кои ќе се нафатат да го имплементираат тој концепт изодуваат еден долг стратешки план во чекори и полека го прилагодуваат сопствениот систем на управување со отпад да биде подобен до концептот нула отпад каде што се селектира, рециклира, се реуппотребува голем дел од отпадот односно се смета за ресурс“.

Зелената или агендата на екологијата и заштитата на животната средина во Македонија е на дното ако не и под тоа, со жалење констатира Апостолоска. Додава дека во нашата земја многу се зборува а реално малку се прави а тоа поле, а причините лежат во инертноста на институциите и во ниската свест на граѓаните.

„Имплементацијата е слабост со многу други закони и правила во Македонија. Значи имаме слаб капацитет на имплементација. Би посочила конкретен пример откако беше донесен Законот за управување на електричен и електронски отпад, многу малку општини реално се спроведува тоа и ретко се селектира тој отпад а знаеме негово мешање до комунален па уште полошо со зелен т.н био отпад кој по нула отпад концепт по правило треба да се компостира, неговото мешање има катастрофални еколошки ефекти врз животната средина а крајно и врз здравјето на луѓето

Апостолоска нагласи дека како проблем се јавува и фактот што од 54 општински депонии во земјава само една работи делумно по стандардите тоа е Дрисла а останатите не само што не работат по стандардите туку се нелегални.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top