Во градов имаме ново зелено пазарче

Во градов имаме ново зелено пазарче. Десеттина продавачи секојдневно своите производи ги нудат на просторот во близина на кружниот тек кај охридската болница буквално на улица. Зеленчукот и овошјето кое се продава се квалитетни, но условите ни оддалеку не се соодветни за продажба на храна. Од ЈП „Градски пазар“ пред една година таму поставија две тезги, но очигледно се претесни за сите продавачи. Тие бараат да се донесат уште неколку тезги и просторот убаво да се уреди.

 |  Јаковлева Лионела  | 

На просторот во близина на кружниот тек кај охридската болница, никна мини пазарче. Десеттина продавачи секој ден тука ги нудат своите производи. Има од се по нешто, пиперки, патлиџани, грозје, тиква, костени, ореви и друг сезонски зеленчук и  овошје. Продавачите велат дека ова место го избрале за да ги продаваат своите производи поради тоа што е многу фреквентно и има доста купувачи, а и им е поблиску до нивните домови.

И оние кои купуваат зеленчук и овошје на ова импровизирано зелено пазарче се задоволни од понудата и цените по кои тоа се продава.

Од пред една година ЈП „Градски пазар“ токму на ова место постави две тезги за да можат продавачите на нив да ги изложуваат своите производи, но тие тезги сега се веќе претесни за сите кои се заинтересирани да продаваат тука. Производителите бараат од градски пазар да постави уште неколку тезги и да го уреди просторот како навистина би заличил на едно мини пазарче. Вака зеленчукот и овошјето буквално се продава на улица на некои импровизирани тезги кои не ги задоволуваат минималните хигиенски услови па многу често дел од минувачите па и од купувачите реагираат велејќи дека производите се квалитетни, но условите во кои се продаваат не се соодветни. Директорот на ЈП „Грдаски пазар“, Тони Коталески кажува дека и тие ја увиделе потребата од поставување на повеќе тезги на овој потег. Но објаснува дека во план им е прво да го уредат просторот, да го бетонираат па потоа да ги стават тезгите. Инаку Градски пазар тезги постави и кај некогашниот Мини маркет, но интерес за таму да се продава речиси и да нема.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top