Во градов има недостиг од контејнери

Во градов има недостиг од контејнери, се жалат граѓаните. Бараат ЈП Комуналец да постави дополнително вакви садови за отпад како би се зачувала хигиената во градов. Од „Комуналец“ објаснуваат дека контејнери имаат и дека деновиве ќе ги постават на повеќе локации низ градов. Но, уште еднаш потсетуваат дека треба да се подигне свеста и совеста на граѓаните да не фрлаат отпад каде ќе стигнат.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Граѓаните кои живеат во зградите на булевар „Туристичка“ на влезот на Охрид се жалат дека нема доволно контејнери каде да го одлагаат сметот. Објаснуваат дека на тој потег има шест згради, а само два контетјнери. Поради тоа многу често може да се забележи неубава слика околу контејнерите каде има секаков вид на отпад. Бараат од ЈП „Комуналец“ да постават барем уште неколку контејнери, посебно летово кога во тој дел од градов доаѓаат станари кои не живеат тука преку цела година. Скрческа објаснува дека контејнери има но дека во зимскиот период повлекувале дел од нив.

Ние имаме на лагер контејнери од 1,1метар кубен и сега појачуваме со уште по еден контејнер. На деловите каде има гости и зголемен обем на смет појачуваме со дополнителни контејнери. Но, апелираме да не се фрла во контејнерите кабаст и цврст отпад. Ако некој има таков отпад нека ни се јави ние ќе пуштиме друго возило и ќе го подигниме тој отпад, вели директорката на ЈП Комуналец, Елена Скрческа .

На сличен проблем се жалат и жителите од стариот дел на градот. И таму има недостиг на контејнери, па многу често отпад може да се забележи на места на кои навистина не му е местото. Сликата која се создава не е воопшто убава ниту за мештаните, а уште помалку за гостите кои секојдневно во голем број ги посетуваат културно-историските знаменитости кои се наоѓаат во овој дел од градот.

Сега почнавме веќе да ги појачуваме тие места со уште по еден контејнер. Ќе воведиме и една новина. До секој зелен контејнер ќе поставиме и по еден жолт. Апелирам до сите граѓани во жолтите контејнери да ја одлагаат само пластиката, а никако отпад. Тие ќе се заклучени за да не може да се фрла друг отпад, вели Скрческа.

Директорката на ЈП „Комуналец“ кажува дека секоја година набавуваат дополнително сто или двеста нови контејнери. Таа ветува дека во најскоро време ќе биде покриен целиот град се со цел хигиената да биде на највисоко ниво. Но, уште еднаш потсетува дека многу голем удел во тоа имаат и самите граѓани и нивната свест и совест да не фрлаат отпад каде ќе стигнат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top