• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата

Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата

Градинката „Јасна Ристеска“ води посебна грижа за здравјето на дечињата и нивниот правилен раст и развој. Тие имаат зацртано спроведување на повеќе проекти од областа на здравството. Од средината на февруари ќе се прават систематски прегледи на децата од три до шест години.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата од три до шест годишна возраст. Овај проект се спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална политика, а потребата за вакви прегледи се јавила од фактот што се поголем процент од децата уште во најмала возраст имаат проблеми со видот. После 16 ти февруари треба точно да се определи во кои денови ќе се вршат прегледите за да можат родителите да донесат здравствени книшки, но и да ги подготват своите деца доколку кај нив се воочи некаков проблем.

И за возрасните носењето наочари преставува проблем а камо ли кај децата. Ние како предшколска установа веќе работиме на тоа да ги информираме дека носењето на помагала не е ништо страшно ниту срамно, но тоа треба да го направат и родителите. Во спроведувањето на проектот покрај министерството учествува и УНИЦЕФ и тим на специјалисти кои ќе ги вршат прегледите, објаснува Розе Костоска- директор на ЈОУГД „Јасна Ристеска“.

Градинката требаше да спроведе и еден проект со кој ќе се вршеше систематски преглед на децата на `рбетот и на стапалата, бидејќи и тука процентот на деформитети и тоа уште од најмала возраст е многу голем. Проектот требаше да се реализира во соработка со специјалисти од болницата за ортопедија и трауматологија Св. „Еразмо“, но рокот се пролонгира.

Тестерите кои се потребни за овие прегледи моментално ги нема во нашата држава па затоа не можеме да ги реализираме прегледите, но идејата останува и прва прилика таа ќе биде остварена, вели Костоска.

Моментално во градинката се спроведуваат спортски активности  со кои се делува на правилниот развој на `рбетот и стапалата . Тоа се посебни вежби кои се прават според упатствата добиени од Министерството за труд и социјална политика. Во преговори се и со професори по физичко образование и култура за одржување часови на кои децата ќе се рекреираат, но и ќе се едуцираат како правилно да вежбаат. Во континуитет продолжуваат и систематските прегледи на забите, проектот за одржување лична хигиена, но и спроведувањето на проектот за здрава храна што е основа за правилен раст и развој на децата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top