Во Далјан се гради на парцела без сопственик-тврдат жителите

Лицето кое во саботата ги започнало градежните зафати, тврдело дека поседува документи за парцелата.

 |  Мишел Наумоски  | 
parcela Daljan
парцела Далјан

Жители на улица Сатеска во населбата Далјан се пожалија дека во нивна непосредна близина се гради, наводно, бесправна градба. Лицето кое овие зафати ги започнало во Саботата, им тврдело дека поседува документи за парцелата на која го гради објектот кој најверојатно треба да биде гаража, но истите не ги приложил. Сомневајќи се во овие тврдења, тие веднаш се јавиле во општинскиот инспекторат, меѓутоа велат дека од таму досега никој не дошол да направи увид.

gradba Daljan„Ни рекоа дека понеделник ќе се дојде на увид меѓутоа и вчера не дојде никој. Ние и вчера бевме таму, во градежниот инспекторат и вчера ни рекоа дека стопирано е градењето. Претходно отидовме во катастар и се испостави дека парцелата на која што градат и за која што тврдат дека е нивна, не е во приватна сопственост, не е ни изложена. Значи во катастар парцелата Кохрид3 не е ни изложена, ниту е во нечија сопственост. Тие ја градат на 50 сантиметри од нашата ограда.“-вели Маја Јованоска-жител на улица „Сатеска“.

Го контактиравме и раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски. Тој потврди дека имало таков случај, и дека уште веднаш наредил да биде стопирана градбата на таа парцела. „Лицето кое ги започнало овие зафати ни кажа дека поседува документација за градба, па му дадовме законски рок од 15 дена за да ја достави документацијата. “-вели Танасоски. Доколку тоа не се случи, а лицето продолжи да гради,Танасоски дециден дека  ќе пристапат кон рушење на тој објект.

Инаку досега на спорната парцела е поставена само бетонска подлога, но според жителите на Сатеска и таа треба да се отстрани бидејќи стравуваат дека  објект би можел да никне преку ноќ.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top