Внимавајте што и од каде купувате

Празниците се период кога вообичаено граѓаните ги зафаќа потрошувачка треска. Се купува техничка стока, облека, играчки за најмладите, храна и пијалоци. Од ОПМ советуваат добро да се внимава при пазарувањето бидејќи покрај потрошените пари може да не чини и многу нерви. Стоката што се нуди на пазарот многу често е со сомнителен квалитет и потекло. Доколку граѓаните не се задоволни и имаат некој проблем да се јават во охридската организација на потрочувачи.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Внимавајте што и од каде купувате. Внимателно читајте ја декларацијата на производите и нека не ве залажуваат празничните попусти да пазарувате од непроверени места, советуваат од Организацијата на потрошувачи. Посебно да се води сметка од каде се купуваат детски играчки да не се увезени на црно и да немаат некои вештачки бои и материи кои можат да бидат опасни по здравјето на дечињата. Отворете очи и кога купувате храна и пијалоци, вели Вангел Спироски, од охридската ОПМ. Тој додава дека за време на празниците и пред тоа граѓаните многу често купуваат техничка стока поради некои поволности кои ги нудат продавниците. Не е ретко телевизорите, фрижидерите или шпоретите како и мобилните телефони да се со послаб квалитет и да се расипат многу брзо.

Да се чува фискалната сметка, гаранцијата и гарантниот лист, да се чита упатство за употреба, да се бара гарантен лист за купената стока и да се чуваат тие работи и доколку има некој проблем со гаранцијата би напоменал дека максимум за технички производи може да има до три пати сервисирање, а потоа треба да му се даде на купувачот нов производ, вели Спироски.

Речиси на сите излози во чаршијата во овој период од годината се излепени разно разни попусти. Каде 50%, каде 30%, каде 20%. Но колку истите се реални и дали купувачите навистина пазаруваат со попуст или е само маркетиншки трик на продавачите. Од ОПМ советуваат убаво да се погледнат етикетите на производите и да се види дали на нив е назначено колкав е попустот и која е новата цена на производот.

Има законска основа во врска со попустот. Мора на етикетата да биде таа цена која е формирана со попустот. Намалената цената мора да важи барем месец дена, а не два дена да имаме попуст на цената на некој производ, а после тоа повторно да се продава по повисока цена. Ако гражаните забележат некоја таква неправилност можат веднаш да пријават во пазарна инспекција, вели Спироски.

Спироски им сугерира на граѓаните кои сакаат да патуваат за празниците да внимаваат со која агенција ќе го направат тоа и задолжително но да склучат договор во писмена форма бидејќи има многу случаи кога патувањето наместо уживање станало ноќна мора поради неисполнување на очекувањата на патниците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top