Внимавајте да не настане пожар!!!

Високите температури „идеални“ поттикнувачи на пожари. За да се спасиме од нив треба свеста на населението да биде на многу високо ниво.

 |  Татјана Маленкова  | 
pozar
пожар

Високите температури „идеални“ поттикнувачи на пожари. За да се спасиме од нив треба свеста на населението да биде на многу високо ниво.  Од НП „Галичица“ започнаа со спроведување на превентивните мерки кои се дел од опертативниот план на паркот за заштита од пожари.

Naumce Noveski„Ние ги преземаме сите неопходни мерки, кои пред се се превентивни, како и едукација на населението. Во таа насока, годинава, како и лани, ќе дистрибуираме над 10.000 флаери со едукативна содржина за заштита од пожари. Досега поделени се 20 илјади во сите угостителски објекти, но и на сите оние кои гравитираат во границите на Националниот Парк. Од денеска овие флаери започнаа да се делат и во централното градско подрачје“, вели раководителот  на секторот за заштита во НП, Наумче Новески. Тој додава дека од неодамна во паркот била активирана и 24 часовна мобилна служба.

Новески вели дека со секој затекнат посетител во паркот се разговара и му се објаснуваат начелата на однесување во Националниот парк, поточно, изречито им се забранува палење на оган или фрлање на отпушок од цигара. „Денеска токму при ваква случајна контрола најдовме неколку туристи на планината Баба, на кои детално им ги обајснивме правилата за движење и престој на ова место, затоа што знаеме дека таму, и зима и лето, и дење и ноќе има ветер, што значи дека една мала искра може да предизвика пожар од поголем обем со кој тешко би се справиле“, додава раководителот  на секторот за заштита во НП Галичица.

Поради климатските услови во моментов мора да  бидеме будни, затоа што дождовите кои ги имавме во изобилство во пролетниот период ја зголемија тревната вегетација, која сега е сува и ја сметаме за најопасна за ширење на пожар. Новески смета дека најдобра заштита за паркот од пожари би била времената мерка за контролирано движење во паркот.

NP GalicicaОд управата на НП апелираат до сите посетители на паркот да се придржуваат до основните начела за однесување во паркот, да не фрлаат отпушоци и да не се пали оган. Од таму апелираат и до Туристичките Агенции да не го користат НП за водење групи без дозвола или водич од управата, затоа што од неодама во НП има специјализирани водичи со лиценца за водење на групи низ Нациоалниот Парк.

Од упрвата на НП уште додаваат дека  18 населени места во рамките на паркот се најдобрите чувари на паркот,  поготово во летен сушен период. Тие додаваат дека соработаката со ова  население им е одлична. Превентивните мерки кои ги превземаат од НП, како о соработаката со населението и посетителите се прават со цел да не се повтори 2007 год, кога поради невнимание се случија два поголеми пожари во кои имаше повредени луѓе, но и во кои изгубивме многу ендемилни видови растителен свет карактеристичен на овој крај.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top