„Голем напон на струја ни ги изгоре електричните апарати“. Денес на ова се пожалија дел од жителите на ул. „Васил Стефоски“ населба Воска. Во близина на крајбрежниот дел на овој опфат, некаде на 100 метри површина, пред 7 дена во моментот кога екипи на ЕВН изведувале зафат одеднаш во куќите се слушнало гласно пукање. Во истиот момент неприклучените електрични апарати светнале и прегореле, а дел од неонките се топеле, во паника кажуваа жителите сведоци на оваа појава. Не останало ништо од нивните фрижидери, телевизори, компјутери, ресивери и друго освен празни неупотребливи кутии, додаваат тие.
На ул. „Васил Стефоски“, живеат граѓани од различна етничка припадност. Тие се единствени во своите барања, ЕВН комплетно да си ја превземе одговорноста и бараат од нив обештетување нови апарати, во замена за прегорените. Тие добро се упатени како делува ЕВН во матичната земја Австрија.
За овој проблем очигледно добро беа запознаени одговорните на ЕВН. Портпаролот Атанас Ковачески, признава дека при дислокација на електрична мрежа по барање на Локалната самоуправа на Охрид, направен бил спој на жиците во тој дел, кој предизвикал штети во електричната линија на неколку куќи. Ковачески рече дека се што е во рамките на нивното делување ќе се направи. Тој потенцира дека спој од ваков карактер не бил опасен по животот на луѓето. Иако одговорните на ЕВН тврдат дека во овој случај немало опасност по животот на човекот, сепак жителите на овој дел стравуваат од тоа. Тие велат дека со струја нема играње. Добар дел од нив го споменаа неодамнешниот случај во Струга кога струен удар усмрти три жители на оваа општина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град