Внимателно со Фејсбукот, ве демнат педофили

Сомнителни пораки преку фејсбук, разговори со непознати и покани за комуницирање со веб камера, а жртви се малолетните деца. Интернет педофилија, објавување лажни информации за личности, креирање лажни профили. Ова се сериозни проблеми кои произлегуваат од огромната популарност на виртуелната социјализација.

 |  Мишел Наумоски  | 
dete internet
дете на интернет

dete internetРодители, внимавајте на што се изложуваат вашите деца при посета на социјалните мрежи! Сомнителни пораки стигнуваат до нивните профили, а зад пораките се крие организирана група на педофили. Ситуацијата е алармантна со оглед на тоа што скоро сите светски медиуми ја пренесоа оваа информација. Ако не сте внимателни дури може и да бидете ограбени од интернет предатори кои извлекуваат информации од вашите деца и го бираат погодниот момент за да дојдат по својот плен. Сето ова се примери од реалниот живот кои секојдневно се случуваат, а може да бидат спречени ако се посвети повеќе внимание на децата и на информациите кои тие ги споделуваат на социјалните мрежи. Контроверзни се и самите содржини кои се достапни на социјалните мрежи, а кои како на чинија им се нудат на сите корисници, а голем дел од нив се малолетни лица.

„Потсвеста ти реагира. Свесно или несвесно одиш во некои работи, си викаш ајде да видам можеби не е нешто страшно, можеби е нешто баш интересно, а јас не го знам тоа, а утре кога ќе сум во друштво нема да знам што да разговарам и ќе бидам отфрлен. Најчесто темите се слушнав ова, добив лајк за она. Тогаш се јавуваат некои содржини кои не се прифатиливи за сите деца и тука децата можат да згрешат.“-вели психологот Анастасија Настеска

Се чини најважната алка во синџирот на правилно воспитување често знае да потфрли во улогата на ментор во едукацијата. Родителите притиснати од моменталната финансиска ситуација, и брзото темпо на живот, несвесно им дозволуваат на своите малолетни деца пристап до содржини кои не се адекватни за нивната возраст. Но дали е тоа оправдување за нешто што може да има тешки последици за децата?

roditel so deca na komp„Не се сите мрежи заштитени од тој аспект и тука блискоста меѓу родителот и детето треба да се воспостави подлабока врска. Значи почесто да седнуваат заедно, не мора да биде се за учење, нека биде преку игра. Значи од тој аспект родителот треба да воспостави една сигурност дека детето дури и кога не е тој присутен ќе има некое свое ограничување, некоја своја моралност и одговорност да не навлегува во некои работи кои кај него понатаму ќе предизвикаат некои последици.“-додава Настеска

Кого да обвиниме? Дали има еден или мноштво виновници? Она што е најважно е како да се тргнат настрана малолетните лица или пак да се подучат како да ги користат социјалните мрежи за да развиваат позитивни вредности. Користењето на веб камери и комуницирање со непознати, се нешта кои никако не смее да се случуваат кај малолетните лица. Ако нешто треба да бидат подучени децата, тоа е дека пријателствата кои што ги градат во виртуелниот свет никогаш не можат да бидат замена за вистинските непосредни дружења во реалноста.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top