Внимателно со домашните миленици

Законот за заштита и благосостојба на животните не се почитува во Охрид. Посебно ова непочитување е изразено кога станува збор за чувањето на домашните миленици.

 |  Билјана Николоска  | 
kucinja
кучиња

kucinjaДомашните миленичиња, кучињата, се без контрола од нивните сопственици. На потегот од пристаништето до Билјанини извори, па преку каналот се до Горица, секојдневно гледаме растрчани домашни миленичиња. Што е уште потрагично сопствениците на кучињата ги пуштиле од синџир неводејќи сметка дали кај некој од бројните рекреативци, љубители на утринскиот воздух ќе предизвикаат одредена паника или страв, посебно кај женскиот пол и децата. Оваа тема ја наметна наш сограѓанин кој преку допис до нашиот медиум се обрати со конкретна забелешка. Тој потенцира, дека кој и да е и чии и да се миленичиња, мора да се почитуваат законските одредби кои важат за сите. Но според него општинските и републичките служби затајуваат, поточно никаде ги нема. Нашиот сограѓанин се прашува кој го штити и подржува ваквото однесување. На оваа тема побаравме одговор од комуналниот инспекторат. Раководителот Танас Танасоски вели дека дел од неговото слободно време и тој го искористува за да пешачи по рекреативните патеки и оти сосема му е јасна сликата во тој дел.

Танасоски потенцира дека со право се жалат граѓаните, на ваквата појава. Додава дека голем хендикеп во нивната работа е што во градов сеуште нема шинтерска служба како на прекршителите би им ги  одземала миленичињата. Можеби треба да се воведат драконски казни за прекршителите на законот за заштита и благосостојба на животните, бидејќи казната од 50 евра колку што е во моментов, не ги плаши.

 

{loadposition content9}

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top