Од Општинската организација на СДСМ обвинуваат дека се врши политички реваншизам врз одредени вработени во државната и јавната администрација.
Чист политички реваншизам се спроведува врз вработените од страна на општинската власт во единицата за Локална самоуправа и по јавните претпријатија, велат од Општинската организација на СДСМ. Од таму тврдат дека со измените на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во општината и по јавните претпријатија, извршени од страна на управувачката и раководната структура на ДПМНЕ, општинската власт си зела за право да спроведува чистка од политички причини.
На вработените секојдневно им се делат нови решенија, со кои се врши нивно несоодветно прераспоредување на други работни места, без било какво логично образложение или издржана причина за тоа. Промената на работните места кај одредени работници не се одвива според неопходните економски, технолошки или оперативни критериуми, туку исклучиво според нивната политичка и партиска припадност, или, поточно речено, неприпадност кон владеачката партија, рече Александар Кузески-портпарол на ОО на СДСМ
Од Општинската организација на СДСМ велат дека одреден број на вработени лица во државната и јавната администрација во нашата општина се обесправени само поради тоа што не размислуваат исто како и нивните работодавачи, при што тоа нема никаква врска со работата, туку е исклучиво поврзано со политичката определба и партиската припадност на работниците.
На тој начин, локалната власт на ДПМНЕ јасно ги покажува своите намери да се пресмета со политичките неистомисленици на еден крајно груб, непрофесионален и нечовечен начин. Упатената порака од ДПМНЕ до административците во локалната самоуправа и по јавните претпријатија во Охрид им е јасна на сите – или ќе бидат со ДПМНЕ и ќе работаат за нив, или ќе следи смена од работното место, принуден одмор. Единствената цел на ваквите закани, манипулации и игранки на локалната власт е политички реваншизам врз неистомислениците, но и создавање можности за целосно нетранспарентен и крајно непотребен прием на нови партиски војници на ДПМНЕ на работа во државната и јавната администрација, подвлече Кузески.
Од ОО на СДСМ Охрид тврдат дека на секој легален начин ќе се спротивстават на ваквите појави и ќе им дадат правна заштита на обесправените и оштетените административни работници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град