• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ со свое видување за вчерашниот митинг на здружената опозиција

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ со свое видување за вчерашниот митинг на здружената опозиција

По вчерашниот митинг на здружената опозиција Сојуз на иднината кој се одржа во Охрид, денес пресс конференција одржа Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Јаковлева Лионела  | 
nikola mitrovic
никола митровиц

Денес, кога јасно се гледа дека ВМРО ДПМНЕ победува, кога јасно се согледува потребата на нашите сограѓани за нови дела за подобар Охрид, сведоци сме дека од страна на политичкиот опонент СДСМ  повеќе немаат кредибилитет да зборуваат за Охрид бидејќи истите се тие кои го уништија нашиов град, со овие зборови портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ ја започна денешната пресс конференција.logo

На вчерашниот митинг кој го одржа СДСМ во Охрид, малубројните присутни граѓани меѓу кои злоупотребени малолетни ученици кои го поднесоа својот школски прибор,не само што согледаа дека константно се  залажувани со празни зборови и ветувања туку им го согледаа и нивното лицемерно и  грдо управување со локалната самоуправа во изминативе години. Уништената гордост на градот, неуредените улици, хаосот со паркинзите,бизнисите со  зградите, уништување на зелените појаси,панаѓурскиот туризам,сето ова е всушност грдото лице на Охрид создадено од Петрески и СДСМ, рече Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Митровиќ запраша зошто синоќа не била објавена советничката листа. Дали причина за тоа е големото незадолоство во СДСМ од коалицијата со Народна, ЛДП и НСДП и што во првите седум места има само едно за членовите на СДСМ и дали причината е што месните организации на СДСМ не се консултирани за листата и таа е правена во координација само со централата во Скопје.

Дали причината е што неколку видни Охриѓани на кои им е понудено да ја водат листата го одбиле тоа свесни за поразот на СДСМ и Петрески во Охрид? И финално СДСМ пред да се распука бетонот тврдеше дека причината за бојкот не е што немаат време за листи туку нивната одлука, очигледно не било така
Јасно е дека со ваквиот начин на појавување пред јавноста, Бранко Црвенковски и неговиот пулен  Александар Петрески заедно со неговиот долгогодишен губитнички тим, повторно ја манипулираат јавноста  и сакаат да добијат можност за уште четири години да можат да продолжат со нивниот деструктивен начин за уништување на Охрид, рече портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните на Охрид на 24 март ќе покажат и докажат дека се за дела и дека преку тие дела спроведени од страна на ВМРО ДПМНЕ, Охрид повторно ќе го врати својот сјај и  ќе биде пристојно место за живеење, потенцираше портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top