Се отвори Институт за македонско наследство. Тој е формиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ а го носи името на Павел Шатев. Дејан Пановски , ќе го раководи Директоратот за животна средина и природни реткости во рамките на Институтот.
Се отвори Институт за македонско наследство. Тој е формиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ а го носи името на Павел Шатев. Дејан Пановски , ќе го раководи Директоратот за животна средина и природни реткости во рамките на Институтот.
Се отвори Институт за македонско наследство. Тој е формиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ а го носи името на Павел Шатев. Дејан Пановски , ќе го раководи Директоратот за животна средина и природни реткости во рамките на Институтот. Екс државниот секретар за животна средина избран е и за член на Бордот на директори.
„Ваквата чест и доверба се валоризација на долгогодишното стручно градење на капацитетот и работата во сферата на управувањето со животната средина. Експертското ниво заедно со политичката поддршка од партијата верувам ќе придонесе за лична политичка надградба но и ќе биде прилика да се придонесе кон изнајдување на решенија за актуелните проблеми согласно целите на самиот Институт“, рече Дејан Паноски.
Институтот „Павел Шатев“ ќе се занимава со истражувачки активности како и анализа на проблемите со кои се соочува земјата на национално и на локално ниво. Институтот е насочен кон повеќе полиња. Тој ќе оспособува на партиските кадри, но и луѓе со десна демохристијанска политичка определба. Седиштето на овој институт ќе биде во Охрид.
„Добар дел од активностите на Директоратот ќе бидат насочени кон потребите на Охрид и регионот. Затоа ќе се обидам да ги интегрирам сите квалитетни охридски кадри од разни профили за да можеме да дојдеме до вистински решенија на проблемите“, потенцира Пановски.
Претседател на Институтот е д-р Панде Лазаревски , генерален секретар е пратеникот Оливер Шамбевски,а Александар Николовски, охридскиот пратеник е член на Управниот одбор на Институтот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град