• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВМРО НП: „Владата пред избори да ги каже фирмите кои се опфатени со Законот за стечајци“

ВМРО НП: „Владата пред избори да ги каже фирмите кои се опфатени со Законот за стечајци“

Од Народна сметаат дека носењето на овој закон е предизборен трик.

 |  Мишел Наумоски  | 
narodna
народна

ВМРО Народна партија со барање до Владата пред одржувањето на изборите да бидат објавени фирмите кои се опфатени со новиот Закон за стечајци.

Kostoski za stecajciНа денешната прес конференција тие рекоа дека овој закон е повеќе популизам отколку реално законско решение. Од Народна велат дека со необјавувањето на фирмите, Владата ги држи во неизвесност сите оние стечајци кои се пријавиле за да го остварат своето право. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски вели дека е смешно тоа што не е објавено кои дооел-и од охридско ЕМО ќе бидат опфатени бидејќи според него сите делови на некогашниот гигант би требало да бидат опфатени со овој закон. Костоски вели дека тие се сомневаат во искреноста на Владата, бидејќи според нив, реално би биле опфатени околу 10 проценти од 6000 илјади стечајци кои се пријавиле. Со повеќе детали од прес конференцијата на ВМРО Народна, во Дневникот на Телевизија ТВМ, во 17 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top