За почист град и подобра социјална благосостојба на граѓаните- ќе се залага кандидатот од ВМРО- Народна партија, Томе Гиноски.
ВМРО- Народна партија денес и официјално го промовира кандидатот за градоначалник со кој влегува во трката за градоначалничката фотелја на претстојните локални избори.
„Со д- р Томе Гиноски како кандидат се надеваме на сигурна победа“ , рече претседателот на општинскиот комитет, Ванчо Костоски и додаде: „ Станува збор за сериозен човек, чесен, признат во својата професија“.
Како што рече Гиноски во своето обраќање до јавноста, ќе се фокусира на две основни теми од градското живеење. Тоа се: подобар живот и социјална благосостојба на своите сограѓани.
Од ВМРО- НП велат дека во тек е подготвувањето на советничката листа која ќе биде готова најдоцна во понеделник.Покрај Гиноски, како кандидати за градоначалник на општина Охрид се јавуваат и: актуелниот градоначалник, Александар Петрески од редовите на СДСМ, Кирил Трендафилов- Нанче од ВМРО ДПМНЕ, Ацо Попоски од НСДП, Боро Павлоски од ЛДП и независниот кандидат- Владо Рувинов – Љац.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град