Согледувањето на туристичката сезона која измина, тема на пресс конференцијата на ВМРО НП. Претседателот на ОК Ванчо Костоски уште на почетокот потенцираше дека оваа партија уште во месец април 2010 год. предвидувајќи што може да се случи организираше трибина за перспективите за развој на туризмот во општина Охрид. Тој додаде дека поканетите стручни лица од институциите, професорите, туристичките работници и покрај тоа што уште тогаш дадоа одредени насоки за развој на туризмот во општина Охрид, сепак ништо не се случи.
„Тогаш имавме забелешки дека малку е касно за вакви трибини и дека истите не треба да се организираат пред екот на сезоната. Поради тоа одлучивме одсега нашиот став и согледувања и укажувања, да ги даваме по завршувањето на сезоната“, истакна Костоски.
„ Слабата соработка помеѓу локалната самоуправа и државните институции задолжени за развој на туризмот е главе проблем. Потоа тука се проблемот со бродарите кој не е решен до ден денес. На таа трибина претставникот од бродарите уште тогаш ги кажа проблемите со кои се соочуваат за регистрација на бродовите како проблем. Го начнавме и проблемот со угостителскиот комплекс Св Наум“, вели претседател на ОК НА ВМРО НП, Ванчо Костоски.
Ние како партија сме за почитување на законите на Р Македонија, но тие треба да содејствуваат со економската состојба во Македонија. Проблемот со бродарите не се решава во јуни и јули, туку сега, за истите проблеми да ни се повторат и следната сезона, додаваат од ВМРО НП.
„ Повикуваме до владата на Р Македонија дека имаме голем проблем со туристичкиот комплекс Св Наум на кој што и сами знаете дека две до три години се случува хаос. Кој ќе стигне таму става тезга. Ние дадовме не само критика, туку и ршение. Владата комплексот треба да им го врати на првобитните сопственици (НП Галичица, црквата, локалната)“, вели Костоски.
Костоски додаде дека постои и соодветен проект кој чека земјиштето во Св. Наум да се врати кај поранешните сопственици. Мора да се знае кој е газда за да може соодветно да се грижи за својот имот. Крајно време е да се урбанизира овој комплекс и истиот да си го поврати својот некогашен изглед и реноме.
Покрај проблемите со Св. Наум, од ВМРО НП посочија и дека како партија беа иницијатори за завршување а обиколницата према Битола.
На денешната пресс конфренција, неизбежно беше и прашањето околу безбедноста на Охрид.
„Охрид мора да биде безбеден за туристите да може да доаѓаат“, вели претседателот на ВМРО НП.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град