ВМРО-НП одржа прес конференција во врска со настанатите состојби поради високото ниво на водата во Охридското езеро и последиците кои ќе прозлезат од ваквата ситуација.
Тие предлагаат, водите на реката Сатеска дирекно преку старото корито, да се насочат во реката Црн Дрим.
Штетите кои им се направени на граѓаните, претпријатијата и животната средина се огромни. Тие се резултат на лошото менаџирање на ЕЛЕМ со езерото, обвинуваат од ВМРО-НП. Советникот Владо Цветкоски потенцираше дека ваквата состојба не се должи само на тоа што во месец фебруари имаше обилни врнежи на дожд и снег туку и поради несоодветното управување со водостојот на Охридското езеро како хидроакумулација од страна на ЕЛЕМ.
„Не е доволно ние како граѓани да си ги измируваме обврските према ЕВН а со тоа и према ЕЛЕМ, туку и повратно ЕЛЕМ од своја страна треба домаќински и одговорно да стопанисува со државното богатство кое им е отстапено на користење. Должност на ЕЛЕМ и на Владата на Република Македонија е превентивно да ги чистат и одржуваат речните корита на Црни Дрим и Сатеска, но и на другите реки во ова сливно подрачје“, потенцира Цветкоски.
Од ВМРО-НП укажаа и на состојбата со неисчистеното корито на реката Дрим што пак допринело до намалена пропусна моќ на реката Црн Дрим. Отаму предлагаат, ЕЛЕМ и Владата на РМ под итно да го уредат старото речно корито на реката Сатеска. Исто така апелираат за што побрза реконструкција на дрвениот мост и регулациониот затворач на реката Црн Дрим. Поради моменталната состојба ВМРО-НП на наредната седница на советот на општината ќе иницираат дополнување на дневниот ред.
„Заради сево ова ВМРО-НП преку својата Советничка група на наредната седница на Советот на општината ќе иницира дополнување на дневниот ред со нова точка: Разгледување на новонастанатата состојба во општината со зголеменото ниво на Охридското езеро, за да може да се донесат предлог мерки и заклучоци со кои ќе се ублажи настанатата ситуација. Со оваа прес конференција сакаме уште еднаш да алармираме до надлежните во државава за тешката состојба во која се наоѓаат општините Охрид и Струга и дека мерките кои досега се превземени оддалеку не одговараат на вистинските потреби.“ истакна советникот Јоне Станкоски.
На прес конференцијата стана збор и за проблемите со работата на колекторскиот систем и секундарната канализациона мрежа, како и штетите кои се нанесени на обработливото земјооделско земјиште,а и на патиштата и на сообраќајниците. Советникот Јоне Станкоски истакна, дека оваа прес конференција претставува обид да се алармираат надлежните во државата за тешката состојба во која се наоѓаат општините Охрид и Струга.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град