Од општинскиот комитет на ВМРО НП, една недела по завршување на изборите ги сумираа резултатите од предвремените парламентарни избори. Претседателот на ОК Ванчо Костоски, кандидат за пратеник од оваа политичка партија од петка, рече делумно се задоволни од освоените 2725 гласа иако првично очекувале 4000. Костоски тоа го објаснува како резултат од методите кои ДПМНЕ ги примени во предизборниот период. „Наши луѓе беа повикувани на информативни разговори и беа заплашувани, а им беа контролирани и фирмите. Освоените 2700 гласови се на членовите кои одолеаа на тие притисоци“, кажува Костоски.
Ние бевме нарекувани антиреформски и антиохридски сили, но вакви сили се токму ДПМНЕ со примената на вакви средства, вели Костоски. Додава беа фрлени летоци и ни измислија афера за колиција со оваа или онаа политичка партија. Костоски го коментираше и обраќањето на пратеникот Александар Николоски кој ги повика нивните членови да преминат во ВМРО ДПМНЕ. „Како демократска партија слободно кој сака може да го направи тоа рече Костолки Но, ги повика членовите од ДПМНЕ кои се од самите почетоци во партијата да направат проценка дали во изминативе дваесет години некогаш Вмро се служело со вакви средства и да пристапат во нивните редови“.
За ваквите методи на ВМРО ДПМНЕ се информирани ОБСЕ и ЕУ, а ќе се запознаат и странските амбасадори во земјава од САД и од неколку европски земји, истакна Костоски. Од оваа политичка партија најавуваат дека продолжуваат да работат за престојните локални избори, а и на консолидација на опозиционите десно ориентирани партии.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град