Претседателот на ВМРО – НП, Ванчо Костоски, ги повика Бакрачески, Михаилов и другите, да лобираат кај Ставрески и кај премиерот Никола Груевски колекторот да го преземе и во иднина со него да управува државата.
Колекторот да го преземе и со него да управува државата. Ова на охридската владеачка гарнитура и го предложија од ВМРО – НП. Претседателот на партијата Ванчо Костоски, смета дека двете општини, Охрид и Струга, не можат да се справат со големиот долг кој го има МЈП Проаква Р. Е.Колектор по основ на потрошена електрична енергија. Додаде дека ретките природни богатства, како што е тоа Охридското Езеро признато на светско ниво, треба да биде на повисоко ниво, односно државата целосно да си ја преземе одговорноста околу неговата заштита.
„Така што ние ова како идеја го дадовме и кога се формираше буџетот за оваа година и минатата, меѓутоа и тогаш како предлог беше поминато, ево и сега своето влијание господинот Бакрачески кој што е и градоначалник и член на извршниот Комитет, господинот Атанаско Михаилов претседателот на ДПМНЕ, наместо да ја трошат својата енергија во вршење притисоци на директорите за бркање од работа, за преместување на опозиционите вработени во тие јавни претпријатијата еве му можност да се искажат пред македонската јавноста и пред своите претпоставени да го побараат ова“ – предлага Костоски.
ВМРО – НП предлага до општина Охрид и до Владата на Р. Македонија, да го преземе и долгот кој што го има општина Охрид по основ на изградба на колекторскиот систем.
„Дел од колекторскиот систем од Пештани до Гранит хотелот, беше во 1997 – 1998година, значи тој долг произлегува уште од тогаш и затоа е нараснат 8-9 милиони спрема ЈП барем по наши информации кои што се оскудни према АД Гранит. Тоа е 27-30% од долгот на општина Охрид е само по основ на изградба на колекторскиот систем“ – вели Костоски.
Костоски вели што се 9 милиони евра за Владата на Р. Македонија за да го преземе долгот кој општина Охрид го има кон АД Гранит, посебно годинава, кога од владеачката гарнитура се фалат со најголемиот буџет во историјата на државава, кој изнесува некаде околу 2 милијарди и 800 милиони евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град